Јакимовски: Бараме поддршка за баланс во Собранието

Од:

Почнавме од нула, но 31.300 гласови од првиот круг не се мала бројка, со оглед на 15.000 неважечки кои би биле на наше конто. Затоа ја барам вашата поддршка на 27 април, да освоиме што поголем број пратенички мандати и да формираме стабилна пратеничка група која ќе создаде баланс помеѓу двете најголеми, рече лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски на вечерашниот централен митинг во Крива Паланка.

Тој додаде дека Граѓанската опција за Македонија се бори оваа држава да има стабилни институции, да се намалат трошоците во нестопанските дејности и да се пренасочат кон подобар економски развој на државата.

– Ќе ги намалиме давачките за земјоделците за поквалитетно и по конкурентно земјоделство, ќе се бориме за поголемо учество на земјоделците во бруто домашниот производ, ќе се залагаме за намалување на казните за граѓаните до 80 проценти, ќе го намалиме данокот на додадена вредност за репроматеријали, рече Јакимовски.

Пред граѓаните на Крива Паланка говореше и носителот на листата во Третата изборна единица Штерјо Николов, кој посочи дека ГРОМ се залага за силна граѓанска демократија и подобрување на условите за земјоделците.

Пред кривопаланчани беше претставен и кандидатот за пратеник од Крива Паланка, Тони Јакимовски, кој истакна дека ќе се бори за донесување на закони за подобрување на економијата и за вработување на младите.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември