Ја убедила дека и направиле црна магија, па и одзела 700 евра и две златни лири

Од:

56-годишна жена од Бугарија со живеалиште во Скопје, била приведена бидејќи од жена одзела 700 евра и две златни лири.

МВР јави дека измамничката случајно ја сретнала оштетената во центарот на Скопје и, според пријавеното, во разговор и кажала дека забележала дека има проблеми, дека и е направена црна магија и дека таа може да и помогне да ја истера магијата. Тие имале средби во центарот на Скопје.

При приведувањето кај измамничката биле пронајдени златните пари и девизите и ѝ биле вратени на оштетената. За случајот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он