Ја ослепиле со спреј и ја ограбиле

Од:

Со спреј во очите ја ослепиле и и ги украле парите. Кавадарчаните Т.П. М.Н. и Д.Д. извршиле разбојништво врз неготинка при што и одзеле 200.000 денари.

Според сознанија на МВР, разбојништвото се случило кога жената излегла од кладилницата во која работела и тргнала да си оди кон својот дом во Неготино. Маскираните разбојници ја испрскале со спреј по очите и и ги одзеле парите. Сепак таа го забележала бројот на регистарската табличка од нивното возило и го кажала во неготинската полиција кога го пријавила случајот, по што биле фатени.

Станува збор за лица кои и претходно и биле познати на полицијата по сторени кривични дела. По извршениот претрес во нивните домови се приведени во полиција и им е одредена мерка притвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка