Изземен македонскиот судија од случајот Ел Масри

Од:

Мирјана Лазарова–Трајковска, македонскиот судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур е изземена од предметот „Ел Масри против Република Македонија“.

Причина за тоа се контактите што ги имала во текот на нејзиниот професионален ангажман со сведокот кој доставил пишана изјава до Судот во врска со овој случај. Ова го потврдува Лазарова Трајковска, во интервју за агенцијата МИА.

„Судот доби пишана изјава од сведок доставена од страна на законските застапници на жалителот. Со сведокот во овој конкретен случај имав можност за контакти преку моите професионални ангажмани. Моја морална и професионална обврска беше за тој факт да ги известам претседателот на Секцијата и на Судот. Оценката беше дека се исполнети условите за мое изземање, а државата веднаш определи судија од редот на судите во Судот“, вели Лазарова-Трајковска за МИА.

Изземањето на судиите, вели, е честа постапка во судската пракса на Европскиот Суд за правата на човекот и јасно е регулирана со Правилата на Судот.

Во интервјуто за Миа посочува дека според статистиките на Судот моментално од вкупно 1070 предмети од Македонија кои чекаат пресуда или одлука, околу 400 се во врска со долгото траење на постапките пред македонските судови.

Би можело да ве интересира

Германска невладина организација тужи службеници на ЦИА за случајот Ел Масри

Емир Латифовиќ

Богданов: Изјавата на поранешен министер за внатрешни работи клучен доказ за пресудата за Ел Масри

Емир Латифовиќ

Судот во Стразбур ја објави пресудата за Ел Масри

Ана Ололовска

Ел Масри и неговиот сведок не се појавија во судот

Емир Латифовиќ