Изутринава магла на повеќе патни правци

Од:

Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 60 до 70 метри има на патниот правец Тетово – Скопје, до 100 метри на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патниот правец Дебар – Струга, до 150 метри на патниот правец Велес – Катланово и до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени

Сончево и температури до 21 степен