Изминатите 24 часа се случиле 19 сообраќајки во Скопје

Од:

За време на викендот на подрачјето на Град Скопје се случиле 19 сообраќајни незгоди во кои има и лица кои се здобиле со тешки телесни повреди.

Во саботата во седум сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а три лица се со последица телесна повреда, додека во неделата имало 12 сообраќајни незгоди од кои пет се со последица материјална штета, две со тешка телесна повреда и три со последица телесна повреда.

Во текот на изминатите два дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број прекршоци. Пет лица управувале патничко моторно возило без возачка дозвола, еден возач се движел со брзина поголема од дозволената и еден поминал на црвено светло на семаформи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 31 возило.

Би можело да ве интересира

Три сообраќајки деновиве поради диви животни на автопатот Тетово-Скопје

А1он

СВР-Штип регистрира пет сообраќајни несреќи за едно деноноќие

Ана Ололовска

Изминатиов викенд 34 сообраќајки во Скопје, четири лица тешко повредени

Ана Ололовска

Пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Косово: Петмина загинати во три сообраќајки во едно деноноќие

А1он