Измена на сообраќајниот режим на пристапната улица во Градскиот парк во Велес

Од:

На барање на граѓаните рекреативци денеска во Градскиот парк во Велес стартува измената на сообраќајниот режим на пристапната улица.

Градоначалникот Аце Коцевски на прес-конференција соопшти дека е поставена вертикална сообраќајна сигнализација, со која се утврдува забрана на движење на моторни возила на оваа пристапна улица. Временското ограничување за летниот период е од 6:00 до 9:00 часот и од 18:00 до 21:00 часот, додека за зимскиот период од 6.00 до 9.00 часот и од 17:00 до 20:00 часот.

– Оваа забрана не се однесува на возилата за итна медицинска помош, возилата на противпожарната единица и возилата на МВР, рече Коцевски.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско