Изложба „100 цртежи“ во Музејот на Град Скопје

Од:

Во Музејот на Град Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата „100 цртежи“ на македонскиот уметник Роберт Дандаров.

Цртежите се изработени во последните две години на хартија во комбинирана техника. Љубителите на уметноста ќе може да ја видат изложбата до 15 август.

Роберт Дандаров е еден од најзначајните македонски уметници кои живеат и работат во странство. По завршувањето на Американската академија за уметност во Чикаго и на Националната академија за дизајн во Њујорк ги излага своите дела во САД, Белгија, Германија и Доминиканска Република. Во Македонија се претставува со свои самостојни изложби во Музејот на современа уметност во 2002 година и во Националната галерија во 2009 година.

Би можело да ве интересира

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“

Почнува новото издание на АКТО – фестивал за современи уметности