Изграден потпорен ѕид кај новиот кружен тек во Велес

Од:

Заврши изградбата на потпорниот ѕид кај новиот кружен тек на влезот во Велес. Тој се наоѓа под Спомен-костурницата од НОВ и се простира во должина од 88 метри и со висина од четири метри.

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев денеска на прес-конференција соопшти дека ѕидот ќе ја зголеми безбедноста на патот и сообраќајот од одрони на земјиштето.

– За добро да ја обезбедиме стабилноста на ѕидот, градежната оператива при неговата изработка влезе длабоко под темелите на ѕидот и тој, според првичните пресметки, ја чини општинската каса повеќе од 25 илјади евра, рече Чадиев.

Тој информираше и дека во понеделник ќе се отвори тендерска постапка за избор на фирма која ќе го осветли кружниот тек со лед-светилки. Воедно ќе го осветли и патот кој води кон населбата кај Спомен-костурницата и долниот тек под кружниот тек, се до пругата, а кој води кон населбата Речани.

Чадиев најави дека целосното осветлувањето на кружниот тек со придружните сообраќајници треба да заврши за еден месец. Соопшти и дека се очекуваат уште две дозволи да започне и изградбата на уште еден кружен тек во новиот дел на Велес, кај „Авона“.

Би можело да ве интересира

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес