Изградба на пристапни патеки во Делчево

Од:

Во тек се градежни активности за изградба на неколку пристапни патеки во Делчево. Како што информираа од општина Делчево во моментот се работи на поплочување на пристапна патека на улица „Пијанечка“ во населбата Ново Делчево, патека во должина од 25 метри со ширина до 4,5 метри. Градежните работи за оваа активност ги извршува ЈПКД „Брегалница“ на иницијатива на Општина Делчево.

Според градоначалникот Горан Трајковски со оваа интервенција ќе им се овозможи полесен пристап и ќе биде олеснето движењето на граѓаните во овој дел од градот.

– Општина Делчево одговара на потребите и на барањето на жителите кои досега често реагираа, бидејќи во урбаната населба тие газеа кал. Овие улички се пристапни и во површина се мали, но создаваат големи проблеми на жителите кои овде живеат, посебно на инвалидните и на старите лица. Евидентен е овој проблем, а ние сме детектирале неколку вакви улички. Следната уличка која ќе се поплочува со бехатон е во населбата Трети реон, рече Трајковски.

Претходно, ЈПКД „Брегалница“ ја поплочи со бехатон пристапната патека покрај поштата во Делчево во строгиот центар на градот, а според најавите од општината поплочувањето на вакви улички ќе продолжи и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка