Изгореле 25 јагниња во пожар во Сирково

Од:

Во СВР Велес завчера околу 22.00 часот било пријавено дека во село Сирково настанал пожар во трло со овци, сопственост на В.А.(40), при што изгореле 25 јагниња, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци и бил извршен увид на местото на настанот.

Синоќа пак, во 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека од неисправен комбајн настанал пожар на жито на нива на фирма на место викано „Тиклик“, во село Вешје, неготинско. Пожарот бил изгаснат. Бил извршен увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице