Изгоре објект со живина во кавадаречко Сопот

Од:

Изгоре објект со кокошки, пилиња, жито и пластични гајби во пожар кој утринава околу пет часот избувнал во кавадаречко Сопот. Сопственикот, во изјава за МИА рече дека пожарот настанал од сијалицата која горела заради затоплување на малите пилиња.

– Имаше опасност пожарот да се прошири и на куќата и околните објекти. Среќа што пожарникарите дојдоа веднаш, а и ние реагиравме веднаш, рече сопственикот.

Според неговите првични проценки, штетата е околу илјада евра.

Од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци рекоа дека на лице место интервенирале со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице