Изгаснати пожарите кај селата Цера и Дулица

Од:

Изгаснати се двата пожари што ги зафатија атарот на селото Цера и Медарско маало во селото Дулица. Во пожарот кај селото Дулица, како што информираа од Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица, зафатени се 2,5 хехтари дабова шума.

– Пожарот е ставен под контрола, односно локализиран, а потоа и целосно изгаснат од страна на нашите припадници и двајца вработени во Национални шуми „Делчево“, изјави Малин Трајчевски, командир на ТППЕ Македонска Каменица

Претходно, за кратко време изгаснат е и шумскот пожар во селтоо Цера.

Од ТППЕ упатија апел до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено, поради непредвидливите временски услови со моментална појава на силен ветар, како и поради вонредните услови во кои функционира единицата односно нејзината вклученост во спречување на ширењето на заразата со Ковид 19.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице