Изгаснат пожарот во фабриката за плински боци „Балканс гас“

Од:

Изгаснат е пожарот што избувна изутрината во фабриката за плински боци „Балканс гас“ во Богданци по експлозијата што се случи во фабричките капацитети.

Истражните екипи официјално потврдија дека трите жртви во пожарот се на возраст од 40, 42 и 60 години и дека сите се од селото Ѓавато оддалечено пет километри од Богданци. Телата на починатите се предадени на судска медицина за да им се изврши обдукција.

Еден од вработените кој се здоби со тешки изгореници веќе е префрлен на Клиничкиот центар во Скопје за натамошно лекување.

Истражните дејствија на теренот продолжуваат и натаму.

Би можело да ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Со нож ја уби мајка си во Богданци, па сам се пријави во полиција

А1он

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

Момче од Богданци во студентски дом фотографираше девојка како се тушира

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Богданци и околината

Горан Наумовски