Изгаснат пожарот на планината Јакупица

Од:

Со хеликоптерско извидување утрово е утврдено дека пожарот на планината Јакупица е изгаснат, потврди од ЦУК директорот Стојанче Ангелов.

– Со тоа пожарот кој беше навлезен во квалитетна шума беше спречено да се прошири, потенцира Ангелов.

Пожарот избувна вчера на планината Јакупица на надморска височина над 1500 метри во атарот на село Горно Врановци.

Ангелов информира дека во гасењето на пожарот од хеликоптер на МВР беа истурени повеќе од 80 тони вода. Освен вработени од шумско стопанство „Бабуна“ Велес, во гасењето на пожарот беа вклучени и пожарникари од Територијалната Потивпожарна Единица Велес, кои со заеднички сили беа заслужни за неговото гаснење.

Би можело да ве интересира

Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

Пожарот во Трубарево е под контрола, гори на четири локации низ земјава

Мицкоски: Идентификувани се дваесетина лица поврзани пожарите

Катерина Ѓуровски