Избран новиот состав на заедничкиот мешан комитет на Европскиот парламент и македонското Собрание

Од:

Европскиот парламент денеска го усвои предлогот за назначување на членовите на меѓупарламентарните делегации, меѓу кои и  заедничкиот мешан комитет на Европскиот парламент и македонското Собрание, даден од Конференцијата на претседателите на Европскиот парламент, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Од групата на народните партии се предложени Ивана Малетиќ (Хрватска) Алојз Петерле (Словенија), Маријана Петир (Хрватска) и Мариа Спираки (Нова демократија – Грција).

Од групата на Социјалистите и демократите се предложени Билјана Борзан (Хрватска). Изабела Де Монте (Италија) и Сергеј Станишев (Бугарија).

Од Бугарските европратеници како член на делегацијата е предложен Ангел Џамбазки од Групата на европските конзервативци и реформатори.

Од групата на либералите исто така е предложена една бугарска европратеничка Искра Михајлова.

Обединетата левица немаа се уште предложено свој кандидат, исто како и групата на Европа на слободите и директна демократија.

Од групата на зелените и слободната европска алијанса за член на делеагцијата е предложен германецот Микаел Крамер. Додека од групата на незапишаните европратници е грчкиот комунист Сотирос Зарианопулос со потекло од Солун.

Претседателот на делегацијата ќе биде избран во септември или октомври, а најчесто за оваа функција се споменува името на словенечкиот европратеник Алојз Петерле.

Исто така како можен известувач за напредокот на Македонија во Комисијата за надворешни работи се споменува британскиот лабурсит и досегашен известувач Ричард Ховит. Имено во оваа комисија се подготвуваат извештаите и резолуциите за напредокот на Македонија, како земја кандидат.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска