Изборен штаб на Ванковска: Денешниот изборен ден поминува мирно во фер и демократска атмосфера

Од:

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден досега поминува мирно во фер и демократска атмосфера, но нагласуваат дека сепак се случиле некои помали проблеми на изборните места.

Како што информираше Моника Маневска, портпаролот на Ванковска забележани се помали проблеми со фингерпринтот на повеќе гласачки места како Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром и др.

Истакна дека од терен добиваат информации дека во Куманово се правеле редици заради проблемите со фингерпринт, а во некои изборни места гласањето почнало со доцнење.

Исто така беше кажано дека и на овие избори се појавуваат нерегуларности во избирачкиот список па така во некои изборни места има запишано мртви гласачи, а во некои гласачи кои се со постојано место на живеење и без промена на адреса ги нема во изборниот список.

Би можело да ве интересира

Ванковска: Нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Горан Наумовски

Денеска Ванковска ќе одговара на прашања преку Фејсбук

Ванковска: Дел од моите противкандидати не се заинтересирани ниту за сопствената кампања

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Кандидатот за претседател Билјана Ванковска ја претставува програмата во Македонска Каменица и Делчево

Горан Наумовски

Ванковска: Нов модерен устав за модерна македонска нација

Горан Наумовски