Избор на најдобар менаџер за човечки ресурси во Македонија

Од:

Македонската асоцијација за човечки ресурси третпат организира избор на најдобар менаџер за човечки ресурси. Пријавувањето може да се изврши до 31 јануари годинава на маил адресата [email protected].

Статуетата за најдобар менаџер за човечки ресурси на годината ќе биде врачена како симбол и пример за важноста на професијата за човечки ресурси во организациите и општеството, со призние на менаџерот и компанијата која го овозможила неговиот личен и професионален развој и работа во оваа област. Селекцијата на кандидатите ќе биде извршена од страна на комисија составена од докажани практичари и теоретичари од областа на управувањето со човечките ресурси.

Номинираниот може да биде одговорното лице за управување со човечките ресурси во компанијата или од друга компанија, кој како дел од своите работни активности ги има креирањето и спроведувањето на стратегијата за човечки ресурси во организацијата. Неговата/нејзината работна позиција е најчесто именувана како: директор за човечки ресурси, менаџер за човечки ресурси, раководител на сектор за човечки ресурси и слично.

Треба да се номинира менаџерот за човечки ресурси кој се цени и се смета дека неговата работа и труд во изминатата година особено придонеле за развојот на функцијата менаџмент на човечките ресурси, воспоставување и унапредување на практиките од областа и дека треба да биде награден со ова призание, кое се доделува еднаш во годината.

Целта на овој избор е да се оддаде признание на најпосветениот и најуспешниот менаџер кој со својата работа во доменот на менаџментот на човечки ресурси придонел за успешноста на компанијата и развојот на луѓето.

Би можело да ве интересира

Постојан развој на човечките ресурси за поголеми резултати

Ана Ололовска

Шеста Меѓународна конференција за човечки ресурси HR EXPO

Ана Ололовска