Избришани дел од „бомбите“ од Јутјуб каналот на СДСМ

Од:

Седумнаесет „бомби“ досега се избришани од официјалниот Јутјуб канал на СДСМ, а во најголемиот дел од нив според СДСМ се слуша гласот на екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

На избришаните „бомби“ пишува дека извесна фирма „ОМД Нетворк“ побарала авторски права, па поради тоа содржината е отстранета. Сомнително е ваквото отстранување на прислушуваните разговори од Јутјуб каналот на СДСМ со оглед на тоа што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од нивното објавување тврдеа дека „бомбите“ се сечени, лепени и монтирани.

Од кананлот на СДСМ се отстраните бомбите за смртта на Никола Младенов, разговорот во кој според СДСМ се слуша дека Сашо Мијалков стои зад фирмата СГС, бомбата во која според СДСМ се слушаат Груевски и Али Ахмети како договараат закон за бранители, за што подоцна “Викиликс“ објави документ, разговорот во кој според Социјалдемократскиот сојуз има незаконско доделување тендер на фирмата „Визарис“, разговори кој според СДСМ се на Никола Груевски, негови соработници и уредници на провладини медиуми, министри кои според Социјалдемократскиот сојуз го навредуваат Груевски, наводен рекет во Струмица со цел ВМРО-ДПМНЕ да добие гласови, плацевите кои според СДСМ Груевски си ги купил на Водно, разговори за кои СДСМ обвини дека се слуша како ВМРО-ДПМНЕ мести избори, прислушување на новинари и уште многу други.

Од СДСМ за А1он рекоа дека не се запознаени со отстранувањето на бомбите.

– Наша прерпоставка е дека такво пријавување може да прави некој кому му сметаат “бомбите“, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа Никола Груевски не може да избега од вистината, па колку сака нека ги брише од Јутјуб „бомбите“, рече за А1он портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Освен „бомби“, од Јутјуб се отстранети и неколку други видеа, на кои има видео или аудио од Никола Груевски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

СЈО ќе биде инкорпорирано во ОЈО и надлежно за висок профил на корупција и криминал

Политичките пазарења ги стивнаа бомбите на СЈО

Сандра Бошковска