А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ивановски: Зошто Амди Бајрам не го кандидирате на местото на Бан Ки Мун?

by А1он30/07/2012 - 23:0331/07/2012 - 10:17322
Share0

Даниела Караѓозоска, сопственичката на домот за стари лица „Панада“, советник во град Скопје, претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е новиот ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Хрватска.

Следете a1on на Instagram Instagram

Опозицијата критикуваше, изборот на Даниела Караѓозоска е срамен, со ова ја понижуваме и пријателска Хрватска, Караѓозоска а нема ни ден дипломатско искуство, а во своето излагање, забележа опозицијата повеќе говореше за географските карактеристики на Хрватска, како да се вработува во каналот „Discovery“ или пак во некој историски канал.

Игор Ивановски ја праша дали знае што ќе работи како амбасадор, дали ќе и помогне искуството што го имала како крупие во казино, дали знае што е „Агрокор“, што ќе работи на средбите, како што навела, со медиумите и верските претставници.


„Следно што очекувам е и Амди Бајрам да го кандидирате на местото на Бан Ки Мун за Генерален секретар на ОН, кога ќе му заврши мандатот. И тој е стопанственик како Караѓозоскаа, и тој се труди. Кога може Караѓозоска да биде амбасадор во Хрватска, зошто Амди Бајрам да не може да биде Бан Ки Мун“, праша Игор Ивановски.

Следете a1on на Youtube YouTube

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак го поздравија именувањето на Караѓозоска. За нив таа е добар избор за претставник на Македонија. Караѓозоска, кој на крај говореше во испразнета сала ги отфрли сите обвинувања на нејзина сметка.

Реакциите за Караѓозоска беа пожестоки, од критиките на опозицијата за амбасадорот во Кралството Белгија, Лазар Еленовски. За него рекоа дека барем минимално, како поранешен министер за одбрана, ги исполнува критериумите, иако сметаа дека е посоодветно да биде амбасадор во НАТО. Прашаа, но не добија конкретен одговор, дали Еленовски се уште стои на јавно кажаното, како член на НСДП и министер, дека Никола Груевски во Букурешт отишол со став да го прифати името република Македонија (Скопје).

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Горан Наумовски26/05/2026 - 14:36

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он18/05/2026 - 16:06

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски18/05/2026 - 13:0518/05/2026 - 13:11

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:20

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он29/04/2026 - 18:44

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 13:0022/04/2026 - 13:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто