А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ивановски: За мене премиерот е „ГУЈО“

by А1он30/07/2012 - 13:21311
Share0

„Како продолжува работното лето, продолжува нервозата и стравот, продолжуваат глупавите изјави, ако „пемиеот Гујо каже дека 90% од гаѓаните не се возат по автопат и тие не теба да се гадат“, не морате и вие“, им порача Игор Ивановски на колегите од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Аирлија закон, ги намалувате пензиите, немојте безочно да ги ги лажете идните пензионери. Треба нов спот-ВМРО ги намали пензиите на идните пензионери. Нема да помогне веселата математика на заменикот, кој го заменува министерот кој се вози со јахта на грчкото крајбрежје.Општ хаос е кај идните пензионери“, рече Ивановски.

„Вие создавате хаос, дека секој закон е баук. Со новиот закон ќе има реално мало намалување на пензиите. Тие со 40 години стаж ќе има зголемени пензии. Знаат која партија ги зголемува пензиите“, одговори Миле Пачемски.

„Упорно лажете колега Пачемски, однесете ги вашите пензионери за да им кажете дека поради Воинот на коњ и Прометеј сте им ги намалиле пензиите. Вие само гласавте да си ги зголемите платите. Да, ВМРО-ДПМНЕ гласаше да си ги зголеми платите, а не и за пензионерите“, редче Ивановски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Влатко Ѓорчев побара минимум институционален респект према премиерот, оние кои три пати ве победуваат го заслужуваат тоа, му порача на Ивановски.

„Премиерот за мене е ГУЈО“, поради неговото несоодветно споменување на моето име во една изјава“, рече Ивановски.

„Спиро Ристовски отиде и ги излажа пензионери , без око да му трепне и им кажа дека ќе се зголемиле пензиите . Дали ќе одржите обука како пензионер да преживее со 6.ооо пензија“, праша Весна Бендевска.

Миле Пачемски укажа дека овој закон сегашните пензионери не ги засега, кај нив нема да има намалување.

„Рецепт на Бранко Црвенковски е намалување на пензиите, тој ги намали за 8%, а рецепт на Никола Груевски е зголемување, тој ги зголеми за 36%. Сега пензионерите одат на бања. Се намалија цените на лековите“, рече Влатко Ѓорчев.

Мизерно живеат пензионерите. Не им треба опера и балет, врати Бендевска.

На дневен ред во Собранието се измените во Законот за пензиско и инавлидско осигурување.

 

sobranie

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео