Ивановски на Осмиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Њујорк

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски учествуваше на Осмиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој кој вчера се одржа во Њујорк.

МИОА соопшти дека Ивановски во своето обраќање ја отворил и темата за високите цени на роаминг-услугите кои ги плаќаат македонските граѓани и апелирал до потпретседателот на Европската комисија Нели Крос, која исто така учествуваше на состанокот во Њујорк, да ја поддржи иницијативата што Македонија ја започна со Србија и Црна Гора. Тој побарал и побрзо да се направат неопходните измени на регулативата во Брисел за да можат граѓаните на Република Македонија да плаќаат исти услуги како и граѓаните на земјите-членки на ЕУ.

Покрај повеќето билатерални средби, министерот Ивановски потпишал Меморандум за разбирање во областа на информатичката технологија за земјоделски услуги, со потпретседателот на корпорацијата Интел, Џон Дејвис.

– Ова ќе овозможи руралните микропретприемачи да им нудат услуги за земјоделците во руралните заедници со користење на компјутерски уреди. Тоа ќе обезбеди три клучни придобивки за земјоделците – намалување на трошоците преку поефективна употреба на ѓубрива, намалување на влијанието на хемикалиите врз животната средина и подобрување на приносите и обезбедување на поголем приход, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски