Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати писмо со честитка до Елизабета Втора, Кралица на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска по повод раѓањето на нејзиниот правнук и прво дете на Војводата и Војвотката од Кембриџ упатувајќи искрени честитки и желби за среќа и просперитет.
– Уверен дека новороденчето е вистински благослов за кралското семејство и за Вашата голема нација, убеден сум дека Вашиот правнук ќе ја обезбеди иднината на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, и дека ќе продолжи по стапките на мудрото и посветено владеење. Воедно, ја користам оваа свечена пригода за да го поздравам постојаниот подем во развојот на традиционално добрите односи и соработката меѓу нашите две пријателски држави, се вели меѓу другото во честитката од претседателот Иванов.