Иван Парталоски го фати светиот крст во Вевчанските извори

Од:

18-годишниот Иван Парталоски од Вевчани го фати светиот крст што денеска беше положен во студените води во Вевчанските извори.

Парталоски, кој четврти пат скока по светиот крст и првпат го фаќа, на сите им посака здравје, среќа и бериќет.

– Со Божја волја очекувам следната година среќа, бериќет и да ми се исполни се што си посакувам. Се надевам се ќе биде во најдобро светло и ќе успеам во сите полиња, рече Парталоски.

Тој беше најсреќен меѓу 15-тината верници што скокнаа во студените извори во Вевчани каде температурата на водата беше 3 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје