Итно се повлекува формулата за доенчиња „аптамил АР 2“, потрошувачите што ја купиле да не ја користат или да ја вратат

Од:

Итно се повлекува од македонскиот пазар производот „аптамил АР 2“, енг 24×400 грама, серија 2027.01.02, кај кој е утврдено присуство на цереулид (cereulide), информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и апелира потрошувачите што го имаат купено овој производ со наведениот лот и рок на употреба да не го користат или да го вратат на местото од кај што го купиле.

– Нашите испекциски служби вчера спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна – увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои вчера како контакт-точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ добивме известување за пласиран небезбеден производ на македонскиот пазар. Станува збор за APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња по потекло од Ирска, кај кој е утврдено присуство на цереулид (cereulide), а како извор на контаминацијата во нотификацијата наведено е маслото ARA. Со контролата утврдено е дека целокупната увезена количина е дистрибуирана на пазарот во Македонија, односно производот не е пронајден во магацините на увозникот и дека, како што и самиот оператор ги известил и Агенцијата и јавноста, веќе се врши итно повлекување на дистрибуираните количини од овој производ од пазарот – информира АХВ.

Според АХВ, во однос на повлекувањето неколку брендови формули за доенчиња од компанијата „Нестле“ во повеќе европски земји, се проверува дали тие се увезени во земјата, иако засега за нив не е добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ.

– Како одговорна институција за безбедноста на храната ја следиме состојбата и доколку се јави потреба, навремено ќе реагираме со преземање соодветни мерки за заштита на животот и здравјето на бебињата – наведува Агенцијата за храна и ветеринарство.

Би можело да ве интересира

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Директорот на АХВ, Миланов најавува изградба на кафилерија и гробишта за миленици

Се испитуваат кујните во девет основи училишта во Карпош по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Запленети стотици килограми апетисани со сомнително потекло и без декларација

Катерина Ѓуровски

Вработен во Агенцијата за храна и ветеринарство шест години добивал плата, а не доаѓал на работа

АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Катерина Ѓуровски