Истражувачки новинар од Холандија одржа предавање на Правен факултет

Од:

Холандскиот новинар и професор по новинарство Лук Сенгерс, денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ пред студентите по новинарство одржа предавање на тема „Истражувачко новинарство базирано на јавна расправа“. На предавањето присуствуваа околу 50 студенти по новинарство од универзитетите во Скопје и во Штип.

Професорот Сенгерс ќе одржи уште две предавања во Скопје на Универзитетот ФОН и Универзитетот за туризам. Предавањата ги организираше Центарот за истражувачко новинарство „СКУП Македонија“.

На студентите им беа поделени прирачници за истражувачко новинарство.

Сенгерс предава на Универзитетот во Амстердам и на „Томас Мор“ – Универзитет за применети науки во Мехелен. Со поддршка од Марк Ли Хантер и од УНЕСКО, има развиено приказна базирана на јавна расправа (www.storybasedinquiry.com), која, како што вели, е системски и ефикасен начин за водење истраги.

Мета

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование