Испратено на обдукција телото на починатото момче од сообраќајката кај Рампа

Од:

Надлежен јавен обвинител од скопското Јавно обвинителство утрово издаде наредба до Институтот за судска медицина за обдукција на телото на мотоциклистот, 22-годишниот С.А., кој им подлегна на повредите по тешката сообраќајна несреќа што се случи на минатата недела кај Рампа во Кисела Вода.

Обвинителството, како што се вели во соопштението, ја очекува комплетната документација за сообраќајната несреќа од Министерството за внатрешни работи – записниците од извршениот увид, скиците, резултатите од извршените анализи и изводите од техничкиот преглед на возилата.

Момчето почина утрово во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје, откако пет дена беше во кома. Истрагата ќе треба да покаже како дошло до сообраќајката во која момчето беше повредено. Момчето возеше мотоцикл кога се судри со автомобил „БВМ“ управувано од долгогодишниот телохранител на Никола Груевски Дејан Митровски – Урко.

Би можело да ве интересира

Урко: Го молев Груевски за набавка на ново возило, ми се матеше главата од старото

Наум Локоски

Урко ќе сведочи за мерцедесот од 600 илјади евра

Наум Локоски

Почина момчето од сообраќајката со Урко

Емир Латифовиќ