Исплатена пловина плата за јануари во МЖ

Од:

Исплатена е половина од платата за јануари на вработените во Македонски железници и е ветено дека вториот дел ќе биде исплатен следната недела, изјави попладнево Ѓоко Илиески, претставник на иницијативниот одбор за протестот во МЖ, поради кој е блокиран железничкиот сообраќај во Македонија.

Илиески информира дека иако е исплатена половина плата, се уште нема промена во одлуката за протестот. Информација за следните чекори, односно дали вработените ќе се вратат на работа или ќе продолжат со протестот Илиески најави за утре.

В.д. директорот на МЖ Игор Коруноски пред вработените вчера и денеска понуди решение за исплата на половина плата и здравствено осигурување за јануари, како и обезбедување средства за вториот дел од платата, но апелираше да се вратат на работа за да може да се фактурираат обезбедените пари.

Протестот на вработените во железницата предизвика двонеделен целосен застој на патничкиот и товарниот сообраќај во Македонија.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

Орце Костов

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

Орце Костов

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

Орце Костов

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

Орце Костов

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски