Исмаил: Министерството за демографија крена раце од родилките – за доцнењето на надоместоците одговора со „не сме надлежни“

Од:

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, објави дека од Министерството за социјална политика, демографија и млади добил скандалозен и срамен одговор на пратеничко прашање поврзано со доцнењето на исплатите на надоместокот за породилно отсуство.

Во официјалниот допис од Министерството се наведува дека институцијата „не е надлежна за ова прашање“, по што Исмаил е упатен своето прашање да го достави „до надлежна институција“.

„Каква е реакцијата на институцијата која во своето име ја носи ‘демографијата’ и чија основна задача е социјалната заштита? Класично бирократско префрлање на топката“, реагира Исмаил.

„Министерството за социјална политика има генерална надлежност за заштита на социјалните и работничките права, особено на мајките и новороденчињата. Доколку погледнете во основачките и базични документи за Министерството, самото Министерство наведува дека во неговиот делокруг се социјалната политика, односите меѓу родителите и децата, семејството и децата, заштитата на децата и жените, како и надзорот од негова надлежност“, потенцира пратеникот од Левица.

Тој посочува дека е точно оти исплатата на надоместокот, односно финансиската реализација, оди преку Фондот за здравствено осигурување, но нагласува дека тоа не значи оти Министерството за социјална политика може целосно да се дистанцира од проблем што непосредно ги засега мајките, семејствата и нивната социјална сигурност.

„Јас како пратеник немам деловничко право да поставувам пратенички прашања директно до ФЗОМ и УЈП, затоа се обраќам до вас, креаторите на политиките. Прашање за ова е упатено и до Министерството за здравство, но овој однос на Министерството за социјална политика е недозволив“, истакнува Исмаил.

Пратеникот од Левица реагира и на фактот што токму Министерството кое во својот назив ја има демографијата се прогласува за ненадлежно кога станува збор за проблем што ги засега породилките. „Изгледа дека за вас ‘демографија’ е само збор на таблата пред Министерството и пазарџиска категорија во изјавите на министерката за образование“, порача тој.

Според Исмаил, одговорен министер не треба да се задоволи со констатација дека институцијата формално не ја врши исплатата, туку да иницира координација меѓу надлежните органи, да го отвори проблемот пред Владата или, доколку е потребно, да предложи системски и законски решенија.

„Мајките не смеат да бидат жртви на вашата некомпетентност, мрзеливост и институционална дискординација. Потребно е системско решение, а не бирократски изговори“, порача пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски