Исчезнато е 12-годишно девојче од Скопје, родителите бараат помош

Од:

12-годишно девојче од Скопје е исчезнато од вчера. Родителите кои вчера вечер го пријавиле случајот во полиција на социјалните мрежи денеска објавија и повик за помош.

Семејството на 12-годишната Аниса Ајро од Скопје од утрово ја бара по социјалните мрежи и оставени се телефонски броеви ако некој ја види да се јави на блиските.

Аниса во моментот на исчезнувањето носела црна јакна и кафеави панталони. Висока е околу 163 см.

МВР го потврди случајот и посочи дека како исчезнато се води и другото постаро девојче со иницијали М.К. кое почесто исчезнувало од домот и ја враќале назад.

„На 30.03.2023 во Полициска станица Бит Пазар во 20.30 часот Е.А.(38) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка А.А.(12), а околу 22.00 часот Ѓ.О.(39) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка М.К.(15). М.К. и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, велат од МВР за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода