Лидија Трајковска (43) од скопско Јурумлери е исчезната, објавија на Фејсбук нејзиниот брат нејзината ќерка.
Според информациите, Лидија утрово околу пет часот излегла од семејниот дом, по што ѝ се губи секаква трага. Велат дека со себе не понела лични документи, ниту мобилен телефон.
Од МВР потврдија дека има пријава за исчезнато лице.
„Денеска (08.11.2024) во Полициската станица Гази Баба, С.Т.(51) од Скопје пријавил дека околу 06.00 часот од домот во с.Јурумлери, скопско, се оддалечила неговата сопруга Л.Т.(43). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ стои во билтенот на МВР.
Како што ќерката на исчезнатата жена пишува на социјалните мрежи, станува збор за посветена мајка, сопруга, вработена жена, без никакви здравствени проблеми.
„Никогаш не се случило вакво нешто, сите сме затекнати и бараме помош во наоѓањето на мајка ни. Таа е семејна жена, вработена во Тинекс месара, излегла од дома околу пет часот наутро додека сестра ми и татко ми сè уште спиеле. Не знаеме што се случило, ова е голем шок за сите нас и несвојствено за мајка ни, и случајот веднаш го пријавивме во полиција“, напишала таа.