Струмичанка пронајдена почината во деловен објект

Од:

Во полициската станица во Струмица ноќеска е пријавено дека во деловен објект во Струмица била пронајдена почината Л.П.(43) од Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според информацијата од обвинителката Виолета Милчовска од ОЈО Струмица, нема сомнежи за насилна смрт и траги на насилство, но заради целосно утврдување на причините за смртта телото на починатата е дадено на обдукција.

Увид извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица и екипа на полицијата.

Би можело да ве интересира

Во Струга пронајдена почината жена

Ќе се формира стручна Комисија за случајот со починатата родилка од Делчево

Во куќа пронајдена почината 73-годишна жена од Скопје

Жена од Аеродром е пронајдена почината во својот дом