Интензивно се трага по исчезнатото момче од Неготино

Од:

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, потврдија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. Оттаму рекоа дека ги преземаат сите мерки и активности за негово пронаоѓање.

Во петокот, од СВР Велес рекоа дека во четвртокот вечерта, неговиот татко пријавил дека син му се оддалечил од домот.

– Во четвртокот вечерта во 18 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија тогаш од Секторот за внатрешни работи Велес.

Во изминативе денови на социјалната мрежа Фејсбук има повици за пронаоѓање на 28-годишниот М.Т., кој последен пат бил забележан во кавадаречкото село Марена.

Според семејството, заминал на работа во Кавадарци облечен во работничка опрема со црн елек.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина