Иницијатива за регулирање на учеството на младите во образовната легислатива

Од:

Иницијатива за измени и дополнувања на Законот за средно образование во насока на интегрирање на учеството на учениците во процесот на донесување одлуки во образовниот процес е промовирана на денешната тркалезна маса „Регулирање на учеството на децата и младите во образовната легислатива“.

Организатор на настанот е Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Младинскиот образовен форум и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Извршниот директор на СЕГА Зоран Илиевски, рече дека настанот има за цел да обезбеди првична дискусија со пратениците, Народниот правобранител и невладините организации во однос на обезбедување на вистинско учество на младите што ќе биде законски регулирано.

– Факт е дека состојбата во Република Македонија со гласот на учениците во училиштата е на многу минорна состојба, каде учениците немаат право на глас и простор да го кажат своето мислење. Нашето барање се однесува да се отвори процес со кој ќе се обезбедат законски измени во кои што учениците во средните училишта ќе имаат право да учествуваат во донесувањето на одлуките во училиштето и во сите реформи во образовниот систем, изјави Илиевски.

Заменикот народен правобранител Васка Бајрамовска Мустафа, рече дека Народниот правобранител во средбите со основците и средношколците со години наназад констатира дека учеството на учениците во донесувањето одлуки во училиштата е на многу ниско ниво.

– Спроведовме истражување во 2016 година за тоа каква е состојбата во училиштата. Резултатите се поразителни. Само во 61 од средните училишта има некаков облик на здружување на средношколците, меѓутоа учеството на децата во донесувањето одлуки го нема. Децата избираат свои претседатели на класови кои ги застапуваат во училиштата, но нивното застапување е само до одредени прави или прашања, а таму каде се креираат политиките учениците ги нема, изјави Бајрамовска Мустафа.

Посочи дека децата треба да се гледаат како партнери, како активни учесници во креирањето на политиките и во донесувањето на одлуки и дека со носењето одлуки во нивно име ги правиме младите да бидат пасивни.

Сандра Анастасовска од Младински образовен форум, посочи дека досега средношколците во процесот на одлучување немаат никаков механизам како да бидат претставени во одборите и телата на училиштата и нивна цел е креирање активни граѓани, кои ќе имаат одговорност да одлучуваат и самите учествуваат во процесот на одлучување.

– Иницијативата има за цел да имаме простор и услови за самоорганизирање и учество на учениците во креирање на сопствените училишта. Тоа значи дека на долг рок ќе обезбедиме ученици кои не само се активни и одговорни во процесот на одлучување и креирање на своите училишта, туку и во целата заедница. Процесот би го отвориле за учениците, професорите и за сите засегнати страни и би креирале законска рамка што ќе ги направи учениците партнери во процесот на одлучување, но и партнери во самата идеја за креирање и самоорганизирање во училиштата, изјави Анастасовска.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март