Иницијатива до Уставен суд за преиспитување на членови од Кривичниот законик

Од:

Во Уставниот суд во процедура е предмет за оценување на уставноста на членови од измените на Кривичниот законик од 2004 и 2009 година кои се однесува на злоупотреби за службената положба и овластување. Велат дека кога предметот ќе биде ставен на дневен ред на седница Судот ќе се произнесе за суштината на иницијативата и за времената мерка која се бара.

Иницијативата до Уствниот суд во септември ја поднел адвокатот Еленко Миланов, кој брани повеќе обвинети во предметите на Специјалното јавно обвинителство пред Кривичниот суд.

Со иницијативата оспорени се два члена од измените на Кривичниот законик од 2004 и 2009 година. Со првите измени се воведува ставот 5 во членот 353, а со вторите измени се зголемува затворската казна од најмалку четири години на најмалку пет години затвор.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната редовна прес конференција, кажа дека Владата на вчерашната седница донесе одлука со која му предлага на Уставниот суд да ја отфрли оваа иницијатива, за да се оневозможи избегнување одговорност за сторени кривични дела од високи функционери од поранешната Влада за кои во моментов се водат постапки од Специјалното јавно обвинителство.

Од Уставниот суд посочуваат дека стандардна процедура е да се бара мислење за закон и од Владата и од Собранието.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска