Имотот на функционерите објавен на веб страницата на Антикорупциска

Од:

Од денеска податоците од изјавите за имотна состојба и интереси, поднесени преку новиот електронски систем, што е ставен во функција на 01.01.2024 година, освен податоците заштитени со закон, се јавно достапни на веб страницата на ДКСК.

ДКСК во денешното соопштение укажува дека лицата кои согласно член 82 и член 85 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Македонија“ број 12/2019) имаат обврска да доставуваат изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба и интересите, изјавата задолжително треба да ја доставуваат преку електронскиот систем со најава на соодветниот линк, а печатена копија од изјавата да достават до писарницата на ДКСК.

– ДКСК, исто така, повторно ги повикува сите актуелни избрани и именувани лица, кои имале обврска да поднесат анкетни листови и изјави на интереси, согласно со Законот за спречување на корупцијата („Службен весник на Република Македонија“ број 28/2002, 46/2004, 126/2006, 10/2008, 161/2008, 145/10, 97/15 и 148/15) и Законот за спречување на судир на интереси („Службен весник на Република Македонија” број 70/2007, 114/2009, 6/12 и 153/15) да достават изјави за имотна состојба и интереси на новиот образец, доколку сеуште не го направиле тоа. Ова е неопходно од причина што без поднесувањето на изјава за имотна состојба и интереси преку новиот електронски систем не може да пријавуваат промени во имотната состојба и интересите, како и да поднесат изјава за имотна состојба и интереси по престанок на функцијата, се наведува во соопштението од ДКСК.

Би можело да ве интересира

Претседател на Антикорупциска ќе се избира по локалните избори

Оставката на Димитровска не е морален чин туку резултат на јавен притисок – целиот состав на ДКСК треба да си замине, реагира Левица

Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Левица поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Антикорупциска

Антикорупционерите бараат од Владата да се почитува кодексот при користење на службени возила

Дупки и недоследности во пријавувањето сопственост и интереси на функционерите на патот на откривањето корупција