Неколку илјади демонстранти од пред владата се упатија кон Основниот Суд 1 да побараат ослободување на притворените активисти од 5-ти мај.
Претходно демонстрантите порачаа дека на Груевски нема да му помине да се одри на власт со оставките на Јанкуловска, Јанакиески и Мијалков.
Тие порачуваат дека ќе се протестира се додека Никола Груевски не поднесе оставака на премиерска функција и додека не поднесе оставка целата влада.
Демонстрантите се поздравени од возилата кои поминуваат со сирени на мостото „Гоце Делчев“.