А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Илинденскиот марш стартуваше од гробот на Гоце Делчев

by А1он28/07/2017 - 13:55156
Share0

По повод националниот празник 2-ри август, Планинарската Федерација и Агенцијата за млади и спорт традиционално го организираат Илинденскиот марш “Илинден 2017”.

Добивај вести на вибер

По тој повод директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски во присуство на дел од групата планинари и челните луѓе на Планинарската федерација на Македонија положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев, со што и официјално стартуваше планинарскиот марш.

Учество ќе земат планинари од повеќе планинасрки друштва од Македонија, а маршутата ќе помина по чекорите на Илинденците низ централна Македонија, а главната цел е другарување и запознавање со убавините на Македонија.

Маршот или трансверзалата Скопје-Крушево-Охрид долга е околу 200км, а предвидено е да се пешачи од 10 до 12 часови. Право на учество имаат само искусни планинари,здрави и кондиционо подготвени,со задолжителен лекарски преглед.

Патот на планинарите поминува низ богати природни убавини, незаборавни планиски видици и културно-историски споменици од старата македонска архитектура и сите споменици од периодот на Илинденското Востание кои ги има во голем број на ова патување, по патеките на славните илинденци.

Илиденскиот марш се реализира во периодот од 29 јули до 3 август, се вели во соопштението на АМС.

2 avgustams

Би можело да ве интересира

Бендевска наместо Гаши на Пелинце и во Прохор Пчински за Илинден

Катерина Ѓуровски01/08/2025 - 10:3301/08/2025 - 10:37

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август

Катерина Ѓуровски28/07/2024 - 12:43

Сиљановска Давкова во Пелинце ќе го одбележи Илинден, Мицкоски во Крушево, Гаши во Скопје

Катерина Ѓуровски26/07/2024 - 11:53

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он01/05/2024 - 09:3901/05/2024 - 09:39

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Катерина Ѓуровски30/04/2024 - 14:56

Денот на Републиката 2 Август неработен за сите граѓани

Горан Наумовски27/07/2023 - 11:3827/07/2023 - 11:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен