ИЈЗ: Сите реагенси од исклучените фрижидери се функционални

Од:

На 31.7.2024 година, беше востановено дека комора и фрижидер на Одделението за бактериологија во ИЈЗ беа оставени без електрично напојување поради исклучен осигурувач. После реакцијата истите да се стават во употреба, веднаш е направен увид на подлогите за работа, реагенсите и антибиотиците за антибиограм, од комората и фрижидерот кои беа исклучени од електрично напојување, се вели во известувањето од Институтот за јавно здравје.

„На 1.8.2024 беа направени сите неопходни микробиолошки анализи за проверка на квалитетот и исправноста на истите, а за добивање на резултат беа потребни 24 часа. Прочитани се добиените резултати и согласно истите се установи дека молекуларните тестови за детекција на голема кашлица, како и подлогите за култивација на бактерии, антибиотиците за изготвување на антибиограми и сите реагенси кои се наоѓаа во исклучените фрижидери, се функционални и може да се продолжи со нормално функционирање на одделението за бактериологија. Воедно превземени се дополнителни мерки за унапредување на биолошката сигурност. Раководството на ИЈЗ ќе ги имплементира сите работни процедури во насока на подобрување на безбедноста како и унапредување на квалитетот на услугите кои ги дава ИЈЗ“, велат од Институтот.

Би можело да ве интересира

Портокалова фаза, опасни температури над 40 степени

Катерина Ѓуровски

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Драстично зголемување на бројот на заболени од грип

Почина едногодишно дете со ковид кое имало неколку хронични заболувања

А1он

Минатата недела намален бројот на новозаболени за 17,3 и на смртни случаи за 30,6 отсто

А1он

ИЈЗ: Помалку новозаразени со Ковид-19, вакцинирани над 771 илјади лица

А1он