И во Македонија истрага за „Беса транс“, но и за институциите – одземени компјутерите од агенцијата

Од:

Без информации колку лица се повикани на распит и колку се приведени, Оливер Спасовски кажа дека и во Македонија се води истрага за „Беса транс“ и сопственикот. Тој објасни дека се утврдува какви се прекршување се направени, а откако беше утврдено дека изгорениот автобус минувал 135 пати низ границите, со лиценца од друго возило на компанијата.

За сопствениците на компанијата, Спасовски не кажа дали се во Македониј и дали биле на распит туку рече: „Лицата се достапни и се разговара со нив врз основа на наредби од Обвинителството. Ќе има и разговори со патниците кои биле во групите. Веќе е почнато со прибирање на информации“.

Прашан дали има нешто во компјутерите одземени од агенцијата „Беса транс“, Спасовски рече: „Секако дека има“. Во однос на тоа дали домот на сопственикот на компанијата се обезбедува од полиција, Спасовски кажа дека постапуваат согласно барањата на Обвинителството.

Во МВР има и оперативна обработка за сите институции и компании во Македонија, со проверки како се добивале на лекарски уверенија за возачите, лиценците за возачите и фирмите. Министерот Оливер Спасовски, кажа дека ова станува збор за засебен случај кој ќе трае подолго време.

„Ако се утврдат неправилности од страна на сопствениците од ‘Беса транс’, ќе сносат одговорност“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он