И вечерва нема договор меѓу партиите

Од:

И на денешните разговори не е постигнат договор меѓу четирите политички партии. Тоа вечерва го соопшти американскиот амбасадор Џес Бејли.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, заминаа без изјави.

– Не можам да ви соопштам дека постигнавме дговор, но може да ви кажам дека имавме интересна нова идеја на маса. Сосема слично, како што реков во петокот, овој договор е многу важен за земјата, за вашите пријатели, за Европската унија и за САД и ние сакаме да ги дадеме сите можности за да бидеме сигурни дека ќе го најдеме патот кон напред. Партиите ќе ја разгледаат идејата и ќе продолжиме утре, изјави амбасадорот Бејли.

Бејли изрази надеж дека до крајот на неделата може да дојде до договор.

Kамен на сопнување се прашањата поврзани со овластувањата и мандатот на министерот за внатрешни работи во преодната влада.

Доколку неделава нема договор, веројатно изборите ќе се одржат на пролет.

Би можело да ве интересира

Зеленски тврди: Путин ги отфрла сите обиди за преговори

Украинците предлагаат целосeн прекин на огнот

Горан Наумовски

Зеленски: Москва прави сè што може за да биде неуспешен следниот состанок

Москва чека одговор од Киев дали ќе има состанок во Истанбул на 2 јуни

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата