ВИДЕО: „И Пиво Фест ќе го затворам ако сакам“

Од:

СДСМ објави разговори меѓу како што велат министерот Миле Јанакиески и градоначалникот на Прилеп, Маријан Ристески во кои тврди СДСМ договараат смена на тогашниот прв човек на ФФМ, исто прилепчанец.

Во разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески вели СДСМ, министерот за финансии бидејќи е навреден се заканува дека ако сака ќе го затвори и Пиво фест. Јанкулоска, вели СДСМ, се фали дека ако не била таа и луѓе ќе се убивале на Пиво фест.

Разговор помеѓу Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска

ЗС: Претходно го рибав, ја оплеска работата со инспекциите, и место сега да се извади на тоа, се правдаше, извини , сто пати извини, не знам што…

ГЈ: Да, па нели ми кажуваше…

ЗС: Сега уште како лефтер, онака, таков е целиот као…и он и Владо се исти типови, ко…лефтерни, така…на заебанција се им оди…

ГЈ: Ама не може така на заебанции, знаеш…Сега бар, ај јас не толку, ама ти колку имаш направено за него, па и ја бе. Пиво фесотот, ја да не сум…порано луѓе убиваа на Пиво фест.

ЗС: Да бе да.

ГЈ: Сега нема сообраќаен прекршок на толку алхокол испиен. Знаеш тоа кој ангажман е на…

ЗС: А бе ај, ја тоа сакам да му го затворам, ќе го затворам тој Пиво фест.

ГЈ: Така?

ЗС: Не може да си игра играчки он со мене. Минатата година кога отиде Горан на контроли, 100 телефони најде да ме…да му помагам.

ГЈ: Мислам неубаво изгледа и ради другите луѓе што беа, сеа сметката, ова-она. Не, неубаво мислам. Ај…

ЗС: А бе должен е таму да седи. Што прави четири и пол саати, те молам?

ГЈ: Да бе, нели ти имаше пишано: ќе ти кажам, проблеми имав, ова-она.

ЗС: Кој проблеми, четири и пол саати не можеш да седнеш.

ГЈ: Не знам што проблем е тоа, да не треба он да пее…

ЗС: Бранко Црвенковски да дојде, па ќе седнеше со него.

ГЈ: Ама и ред е да седне бе. Ред е да дојде да го поздрави, да седне, било кој од тсков ранг политичар, така? У странство да отидеш, па ако те знаат дека си министер, ќе дојде, ќе те поздрави тој што е организатор ќе седне, што ништо не му значиш, а не ти колку имаш за него направено, и за Прилеп и за све…

ЗС: Сељачиште.

ГЈ: Тоа е чудно, многу слески. Мене баш така уште на сам почеток, тоа со седнувањето неубаво ми дојде ама…

ЗС: И мене бе, и мене. Јас се изнервирав уште тогаш и затоа си се свртев, не му правев многу муабет.

ГЈ: Знаеш сега јас се подтргнав, му правев место, седни меѓу нас двајца-не седнува.

ЗС: Да де да.

ГЈ: Идиот.

ЗС: Ко да секој може меѓу нас да седне или друг да седне на таа маса.

ГЈ: Да бе да, мислам знаеш сега…фактички јас се поместив, станав од моето место за да му направам на него. Мислам ептен неубаво.

ЗС: Јас се мислам да му држам некое време лутина, така да, го побарав еднаш повратно зафатен му беше телефонот и не го барав и не му одговорив на ниедна од пораките, уште една ми пушти сабајлево…

ГЈ: Не, не, не знам дали ми пуштил, не ми текнува…

ЗС: Се мислам да заоштрам. Не ми се свиѓа целава оваа работа, не сакам да му попуштам одма.

ГЈ: Види, јас со него немам ни некоја релација, немам ни многу комуникација, едино вака, на мајтап со Миле…така да заоштрено е кај мене.

ЗС: Ја имам…

ГЈ: Да, добро кај тебе е друго…

ЗС:…знаеш, у моја изборна единица, значаен град, тие работи, ги ставам сите работи на куп. Затоа не знам што да правам, иначе…

ГЈ: Не, ама треба да размисли…

ЗС: У исто време кога ме моли за 100 работи, он се однесува детски, место…не знам како да го кажам, не знам…

ГЈ: Треба да разбере дека не е во ред тоа што го направил, иначе голема работа за една сметка или било што, односот не е во ред.

ЗС: Да де да. Или ја ако не седне Маријан до мене, ќе се онесвестам.

ГЈ: У депресија ќе паднеш. Не е во ред. И така…

ЗС: Ја ако сакам да се забавувам ќе си отидам, Здравко овдека беше у Скопје нема да акам до Прилеп, ако ми е чисто за Здравко.

ГЈ: Ни Маријан, ни никој..

ЗС: Да.

ГЈ: Ова одењево…

ЗС: Кај да отидам, на кој сакаш штанд ја да отидам, ќе ме…

ГЈ: Ќе се искршат….

ЗС: На раце ќе ме држат.

ГЈ: Ќе се искршат. Па тие едвај чекаат да им дојдеш и да те видат дека си ти таму. Повеќе за другите, отколку…и на нив им е битно…

ЗС: А бе сите тие таму зависат од мене, на еден или друг начин. Сите нешто побарсле или бараат.

ГЈ: Да бе да.

ЗС: А бе утре да решам јас еден од тие да затворам, ќе го затворам за 24 часа, сите законски.

ГЈ: Многу без врска.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Маријан Ристески

МР: Што правиш Миле?

МЈ: Добро бе. Си одам накај дома.

МР: Ме бараше нешто?

МЈ: Дај ми ги овие две фирми на Кокаров и на овој…

МР: Ти ги пуштив вчера.

МЈ: Не ми стигнаа.

МР: Од Панде „——“ а од Кокаров треба да провериме.

МЈ: Е па таа од зет му фирмата е едната. А од Хари?

МР: Од кој Хари?

МЈ:Хари Локвенец.

МР: Еј, на Димко ќе му речам, ќе ти ја пушти.

МЈ: А кој е за пресовите/дресовите , како иде сега?

МР: А бе Панде е за ЕС-ДЕ-ЕС сега.

Би можело да ве интересира

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

(ВИДЕО) Русите фрлија бомба од 500 килограми во Донецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски