И контрадемонстрантите пред Собрание во 16 часот

Од:

Контрадемонстранти ќе се носат во 16 часот пред Собранието, каде што веќе се стационирани демонстрантите, дознава А1он.

Како организатор на протестите се јавува ГДОМ, движење кое не беше активно со месеци. Тие вчера протестираа пред Собранието, а неколку минути пред демонстрантите да го пробијат полицискиот кордон, тие се упатија кон седиштето на СДСМ.

Контрадемонстрантите кои со автобуси се носени од повеќе градови бараат Иванов да ја повлече одлуката за аболицирање, но не за сите, единствено за Зоран Заев и Зоран Верушевски, затоа што викаат дека било срамота да имаат по две аболиции, а не споменуваат дека некои од членовите на владејачката партија имаат дури по 16 аболиции, како и Никола Груевски кој има 5 аболиции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Контрапротест пред Собрание

Емир Латифовиќ

Се подготвуваат протести и пред седиштето на СДСМ

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Контра-шатори пред Собрание

Ана Ололовска