И денеска без успех, преговорите продолжуваат утре

Од:

Ни денешните преговори, кои траеја само два часа не донесоа резултат. Се уште проблем се овластувањата и мандатот на министерот за внатрешни работи во преодната Влада.

Амбасадорот на САД Џес Бејли рече дека утре преговорите продолжуваат.

Пред почетокот на средбата, која денеска се префрли во Клубот на пратениците, претставниците на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ излегоа со различни ставови и ВМРО ДПМНЕ смета дека тие прават напори за доближување на ставовите, а СДСМ не прави никаков исчекор.

„ВМРО-ДПМНЕ постојано дава нови предлози за да има доближување на ставовите за да дојде до договор“, изјави Никола Тодоров.

„ВМРО ДПМНЕ бега од фер и демократски избори постојано бара некаква `рчка за да нема договор а тие да ловат во матно“, рече Радмила Шеќеринска.

Артан Груби од ДУИ оптимистички изјави дека разликите се минимални и дека договор може да се постигне уште денеска или утре, а изборите да се одржат во декември.

Би можело да ве интересира

Украинците предлагаат целосeн прекин на огнот

Горан Наумовски

Зеленски: Москва прави сè што може за да биде неуспешен следниот состанок

Москва чека одговор од Киев дали ќе има состанок во Истанбул на 2 јуни

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Завршија руско-американските разговори во Истанбул