Хуманитарен настан „За ХАЕ, на точак“

Од:

Хуманитарен настан „За ХАЕ, на точак“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението на пациенти заболени од ретката болест Хередитарен ангиограм – ХАЕ Македонија“.

Планирано е група велосипедисти облечени во маички и со промотивен материјал да возат велосипеди низ центарот на Скопје. Поаѓањето е напладне од парк Жена борец, а ќе заврши кај Школка во Градски парк, каде ќе биде послужено освежување, промотивен материјал и ќе биде поставена кутија за донации.

Целта на иницијативата на здружението е подигнување на јавната свест за ова ретко збаолување кај општата популација, шредизвиците и проблемите со кои се соочуваат заболените.

ХАЕ е ретка болест која што настанува заради недостиг на крвниот протеин Ц1 инхибитор и се манифестира со отекување на  делови на телото. Овие отоци, доколку се јават на одредени витални органи (како на пример грло, лице, абдомен, дишни органи), може да доведат до животно-загрозувачки состојби. Заради манифестацијата на симптомите од болеста, можни се погрешни дијагнози, а со тоа и погрешен третман на заболувањето со што се загрозува дополнително здравјето на пациентите, а се оптоваруваат и медицинските установи со непотребни интервенции и трошоци, велат од Здружението.

Во Македонија од септември минатата година се обезбедува терапија, но, наведуваат од Здружението, количините се недоволни, и начинот на достапност за сите пациенти се уште не е соодветно регулиран.

ХАЕ – Македонија како организација која ги застапува интересите на пациентите заболени од ХАЕ е основана во 2009 година, а од 2012 година е членка на меѓународната организација за пациенти со ХАЕ – HAE International.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Топол оброк за стотина граѓани, се подигнува свеста за користење на вишокот храна

Ана Ололовска

Награди за хуманитарни активности на институции и поединци

Ана Ололовска

ВИДЕО: И Сашко Коцев се приклучи на хуманитарната забава за Николче од Велес

Ана Ололовска

Хуманитарен концерт на Битолскиот детски хор „Ѕвончиња“

Ана Ололовска

Светскиот ден на прва помош

Ана Ололовска

СДСМ се вклучи во хуманитарната акција на Американската амбасада во Скопје и Црвениот крст

Ана Ололовска