Хуманитарен концерт „Мир за тебе, мир за мене“ во Софија

Од:

Десетици музичари и филмски ѕвезди од цел свет на 1. октомври во Софија ќе одржат 10-часовен хуманитарен концерт за поддршка на децата жртви на војната и агресијата, изјави денеска организаторот на настанот „Мир за тебе, мир за мене“, Живко Ботев.

Тој наведе дека досега присуството го потврдиле и веќе имаат потпишано договори со Мик Џегер, Род Стјурт, Џастин Тимберлејк, Бруно Марс, Џони Деп и Антониот Бандерас и други.

Меѓи останатите учесници се и Earth wind and fire, Eagles, како и гитаристот Слеш.

Концертот ќе биде емитуван во повеќе од 50 држави на петте континенти.

– Собраните средства ќе бидат наменети за Црвениот крст и Црвената полумесечина, УНЕСКО и УНХЦР, посочи Ботев

Тој додаде дека некои од учесниците најавиле дека ќе донираат лични средства. 

По повеќе од 30 години по Live Aid’85 светските и музичките ѕвезди се обединуваат за поддршка на децата жртви на војните и агресијата. 

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ