Хрват со тупаници и шлаканици врз бремената сопруга во Скопје, ја удирал и од ивицата од креветот

Од:

Хрватски државјанин е осомничен дека извршил семејно насилство врз својата бремена собруга во домот во Скопје. Тој најпрво почнал да и се обраќа на висок тон, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и шлаканици по главата и телото. Потоа продолжил силно да ја притиска за вратот, иако знаел дека е во петтиот месец од бременост. Во еден момент ја зграбил и насилно ја фрлил во креветот, по што и ја удирал главата од ивицата на креветот. Кај оштетената била констатирани бројни повреди на главата, но и на плацентата во која е сместен плодот. За него е побарана мерка притвор.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против државјанин на Република Хрватска, кој е осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во Скопје тој телесно ја повредил неговата сопруга. Најпрво почнал да и се обраќа на висок тон, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и шлаканици по главата и телото. Потоа продолжил силно да ја притиска за вратот, иако знаел дека е во петтиот месец од бременост. Во еден момент ја зграбил и насилно ја фрлил во креветот, по што и ја удирал главата од ивицата на креветот. Престанал кога оштетената започнала да крвари, по што жртвата успеала да се засолни во тоалетот и да повика полиција и брза помош, велат од Републичкото јавно обвинителство.

Додаваат дека осомничениот слушнал дека повикува помош, по што го напуштил станот, како и дека кај оштетената била констатирани бројни повреди на главата, но и на плацентата во која е сместен плодот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Вчера во 16:30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата полициски службеници го лишиja од слобода 36 годишниот државјанин на Хрватска.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

„Разговори за иднината во 12:05: Филипче уште еднаш го жртвува другарот Јовица Радески

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ