ХОПС ќе ги соопшти резултатите од Креативната акција за општествени промени

Од:

Создавање општество кое ќе поддржува и ќе реагира со емпатија, наместо да осудува, кое ќе подава рака, наместо да турка кон маргините, е целта на уметничката инсталација „РЕ Употреби го умот“, изработена од луѓе кои употребуваат дроги, и преку чие претставување ХОПС денеска ќе ги презентира резултатите од проектот Креативна акција за општествени промени.

Акцијата е финансиски поддржана од Цивика Мобилитас, а се реализира во соработка со Град Скопје, Ј.П „Паркови и зеленило“ и „Флораком“.

Според ХОПС, „РЕ Употреби го умот“ е инсталација која има четири лица и во нив се вградени повеќе од 400 реупотребени пластични шишиња, шест реупотребени палети, 160 растенија, 400 литри земја и минерал, седум чифта вредни раце, многу љубов и желби за заедништво.

– „РЕ Употреби го умот“ е креативен израз за визијата на луѓето кои употребуваат дроги. Преку оваа инсталација сакаме да влијаеме на свеста на околината, овозможувајќи учество во креирање и реализирање на идеите за квалитетно заедничко живеење, еднакво за сите. Создавање општество кое ќе поддржува, а нема да осудува, кое ќе поддава рака, наместо да не турка на маргините, општество кое ќе реагира со емпатија. Би сакале ваквите проекти да се инспирација за поддршка, не само од страна на невладиниот сектор, туку и јавниот и бизнис секторот, за маргинализираните заедници да добијат поголеми шанси да се интегрираат и да ги покажат своите креативни решенија за општеството и заедницата, наведува ХОПС во најавата за прес-конференцијата на која ќе бидат соопштени резултатите од Креативната акција за општествени промени.

Би можело да ве интересира

Коалиција Маргини: КСЗД треба да ги штити правата на маргинализираните граѓани, а не профитот на приватните компании

Ана Ололовска

Маргини и ХОПС: Пресуда против Северна Македонија, ЕСЧП ги штити правата на луѓето кои употребуваат дроги

Ана Ололовска

„Грижата за туѓото здравје е грижа и за своето“ – Онлајн дискусија

Ана Ололовска

ХОПС: 19 отсто од младите пробале психоактивни супстанции

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Скриениот херој во секое дете“

Ана Ололовска

Tркалезна маса на ХОПС: Неопходни се програми за ресоцијализација и рехабилитација на децата во ризик

Ана Ололовска