Синдикати и здруженија, потписници на Синдикалната повелба, други здруженија на граѓани и активисти, утре пред Мнистерството за труд и социјална политика, со почеток во 11 часот ќе организираат протестна акција.
Според организаторите на настанот, планот е секој хонорарец да поднесе барање за информација од јавен карактер до Министерството, a потоа да им се придружи на останатите пред министерството. Поднесувањето барања се планира да трае два часа.
Урнекот на барањето за информации од јавен карактер можете да го преземете тука.
Прашања можете сами да поставите или можете да преземете некое прашање од листата што може да ја преземете тука.