Холандската амбасада во Скопје демантира дека Холандија го поддржува ветото за С. Македонија

Од:

Холандската амбасада како лажни ги оцени информациите дека Холандија ја поддржала Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската унија.

-Холандија сметаше и се уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом ќе се усвои преговарачката рамка, се вели во реакцијата од холандската амбасада во Скопје.

Претходно, бугарскиот весник „24 часа“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, објави вест во која се тврдеше дека Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски